Seminarski i Diplomski Rad

Sveti Kliment (makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 26 | Nivo: Pedagoški fakultet

Вовед
На 27 јули по стариот односно 9 август по новиот и на 27 ноември по стариот односно 8 декември по новиот календар Светата Православна Црква го слави споменот на најистакнатиот просветител Словенски, рамноапостолниот епископ Охридски Климент.
Свети Климент Охридски е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела.
Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Свети Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова, како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за свети Кирил и Методиј итн. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Пресвета Богородица и слова посветени за настаните од животот на Господ Исус Христос.
Напишал беседи на сите неделни и празнични денови на прост и јасен јазик, така што секој можел да ги разбере вистините кои ги учел.
Свети Климент Охридски делувал во особено тешки историски, општествено културни, верски и политички прилики. Во верски поглед Македонија во тоа време се нашла вклештена помеѓу западното папско, римско влијание и јужноисточното притискање од Византија. Во земјата владеела неписменост и непросветеност.
Средината на ІХ-от век е исто така и време на засилена борба меѓу двете културни струи во црковниот живот на Исток и на Запад со богословски спорови.
Во такви превирања, свети Климент требаше да мисионери, да просветува, да ја држи чистотата на верата, и тоа токму на раскрсницата на сите овие влијанија.
Се трудел педесет години во извршувањето на Божјото дело и вршел чуда и за време на земниот живот. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокоил мирно во Охрид, на 9 август 916 година. Господ го прославил со светителски ореол. Неговите земни остатоци станале чудотворни мошти, од кои по Божја благодат се лекуваат низ векови многу телесно и душевно болни кои пристапуваат со вера и љубов. Неговите мошти се чуваат во денес возобновениот охридски манастир посветен на свети Пантелејмон којшто го основал самиот свети Климент во кој во последните години од животот, изморен од епископските задолженија често престојувал.
Кратко житие
За детството и младоста на Климент речиси ништо не е познато. Се претпоставува дека се родил околу 840 година. „Краткото житие на Св. Климент” составено, најверојатно, во почетокот на 13 век од епископот Охридски Димитриј Хоматијан, укажува дека Климент родум бил од европските мизијци, под кои многумина ги подразбираат болгарите. Но, тоа значи само дека свети Климент бил словен од Болгарското царство. Точното потекло на неговото семејство не е установено. Сепак, многумина истражувачи претпоставуваат дека семејството на Климент било од Македонија, дека се родил во Солун, или во неговата околина, а тоа го поврзуваат со фактот дека уште како млад бил повикан од Светите браќа Кирил и Методиј во нивната мисија, што значи дека најверојатно живеел во нивна близина. Подоцна болгарскиот цар го испратил Климент токму во Македонија за да создаде словенска Црква. Македонското потекло на Климент се потврдува и од фактот дека тој одлично го владеел и грчкиот јазик (за што сведочат неговите преводи); во тоа време Македонија била во состав на Болгарското царство и била двојазична провинција.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!